Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава против екс градоначалник на Дебрца за „несовесно работење во службата“

Krivicna prijava protiv poranesen gradonacalnik na debrca za nesovesno rabotenje vo sluzbata image.jpg

СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60) од село Волино, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Тој, во својство на градоначалник на општина Дебрца, свесно, со пропуштање на должен надзор и со несовесно постапување, односно без потпишан договор овозможил на неколку правни субјекти во деловна зграда сопственост на општината, на катастарска парцела во селото Волино, во периодот од 2017 до 2025 година, слободно да вршат трговска дејност, без обврска да плаќаат одреден паричен надомест во буџетот на општината.


Пријавениот, тоа го направил иако знаел дека, според Статутот, управува со сопственоста на општината и е должен да презема мерки и да го обезбедува користењето на сопственоста во согласност со закон. На тој начин, пријавениот и предизвикал значителна материјална штета на општина Дебрца.

Можете да прочитате

Од први јули забрана за движење во шуми, казни до 2000 евра

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Тошковски: К9 капацитетите се еден од клучните сегменти во регионалниот систем на безбедност