Утрински Весник
Македонија

Пијан возач на 79 години возраст оштетил шест автомобили во центаеот на Охрид

Policijasoobrakjajka Nokje.png

На 25.06.2026 во 12:20 часот на улица „Питу Гули” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода К.Р.(79) од охридското село Коњско. Тој, претходно, на булевар „Туристичка” во Охрид, управувајќи патнички автомобил „мерцедес” со охридски регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода во која оштетил шест паркирани патнички автомобили, по што не застанал, туку продолжил да го управува возилото.

По преземени мерки, тој е пронајден и при извршено алкотестирање,  кај него биле утврдени 1,51 промили алкохол во крвта, по што одземени му се возачките и сообраќајни документи и е исклучен од сообраќај. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


Можете да прочитате

Два активни и еден изгаснат пожар до 14 часот

Две семејства се тепале во Тетово

Започна Д Фестивал – најголемиот македонски опен-ер музички фестивал!