Утрински Весник
Македонија

Македонија под Суптропски антициклон, пред нас тропски ноќи и пеколни денови

Meteoalarm.mk 8 2.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Територијата на Македонија до вторник, 30 јуни ќе се наоѓа под влијание на Суптропски антициклон кој ќе одржува да имаме претежно стабилно, суво, сончево и многу топло време со многу високи температури на воздухот кои насекаде кај нас ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието и во југоисточните предели тие ќе се искачат до околу 40 степени. Повремено ќе засилува фенски ветер од источен и од североисточен правец.


Особено во Повардарието, Скопската котлина, и во југоисточните предели од Македонија ќе имаме тропски ноќи, кога температурите ниту во текот на ноќта нема да се спуштаат под 20 степени.

Во Скопје  и околината за време на овој топол бран од Африка наутро температурата ќе се спушта до околу 20 степени, а преку денот таа ќе се искачува до околу 38 степени.

Ув индексот за време на овој топлотен бран во Македонија ќе биде многу висок и ќе има вредност 9. Токму поради ова апелирам граѓаните, особено оние повозразните да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 10 до 17 часот). Исто така на граѓаните ги советувам да пијат повеќе течности и да се ладат во овие многу топли летни денови.

Можете да прочитате

СДСМ: Реконструкцијата ја доведува власта до војна на кланови

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчи додека Бугарија го загрозува државниот интерес

За малку избегната трагедија во Бутел – куршум заврши во автомобил