Утрински Весник
Македонија

До 18 часот регистрирани шест пожари на отворено

Pozar.png

До 18:00 часот на територијата на државата се регистрирани вкупно 6 пожари на отворен простор. Од нив, еден пожар е активен, еден е ставен под контрола, а четири се целосно изгаснати.

Активен е пожарот во Општина Гостивар, кај село Чегране, каде гори ниска вегетација и грмушки.


Под контрола е пожарот во Општина Кратово, кај село Железница, каде гори депонија.

Изгаснати се пожарите:
во Општина Струмица, помеѓу селата Муртино и Банско, каде гореле ѓубре, ниска вегетација и шамак;
во Општина Теарце, кај селото Теарце во близина на бензинската пумпа „Стјудес Петрол“, каде горела ниска вегетација;
во Општина Пехчево, на потегот помеѓу селата Панчарево и Црник, каде горела ниска вегетација;
во Општина Велес, кај селото Долно Дуќани, каде горела ниска вегетација.

Можете да прочитате

Шестмина повредени во судир на четири возила на Козјак

Пијан велешанец ја нападнал невенчаната сопруга

Жена од Кочани ограбена во скопски Центар