Утрински Весник
Македонија

Се финализираат измените на Изборниот законик

Izbori e1762082041361.webp.webp

Работната група за реформи во изборното законодавство денеска ја одржа  единаесетта  седница на која беа разгледани преостанатите отворени прашања и предлози за измени и дополнувања на Изборниот законик, во насока на исполнување на препораките на ОБСЕ/ОДИХР .

Членовите на Работната група разменија мислења по доставените предлози од политичките партии , при што беше констатирано дека значителен дел од решенијата се усогласени и има висок степен на  консензус.


Политичките партии во текот на утрешниот ден по електронски пат треба да се произјаснат за одредени предлози по што се очекува да се  подготви законското решение кое ќе произлегува од усогласените решенија  и  ќе се достави во понатамошна процедура.

Можете да прочитате

Четири возила утрово се судриле на патот Гостивар – Стража

Од партиска држава кон институционална држава, најголемиот предизвик на македонската демократија

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и Филипче им смета независноста и сега е против македонското знаме кое два пати го менуваше