Утрински Весник
Македонија

Четврток и петок, 25/26 јуни повторно ни носат попладневен пороен дожд и грмежи

Meteoalarm.mk 5 1.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Нестабилноста  и циклонската активност со центар над Турција која ја зафати територијата на Македонија во изминатите два дена и донесе посилно невреме на повеќе места кај нас полека слабее и нестабилноста кај нас полека се намалува.


Сепак и овие два дена, четврток и петок 25/26 јуни, по сончевото и топло претпладне, сепак во попладневните часови ќе се развиваат локални конвективни грмотевични облачни јадра од кои очекувам појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е  и појава на краткотрајно невреме со силен ветер и со град.

И во делови од Скопскиот регион во погоре споменатиот период ќе има услови за послаба краткотрајна нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Останува топло времето со температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 36 степени, а во Скопје  и околината температурата ќе се искачи до околу 35 степени.

Можете да прочитате

Шест малолетници меѓу 21 приведен за безобѕирно возење во Скопје

Претрес во Неготино, пронајдена дрога, приведено едно лице

Загина мотоциклист од ресенско, изгубил контрола и излетал од патот