Утрински Весник
Македонија

НОВО ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ ДОАЃА: Македонија под влијание на циклон

Meteoalarm.mk 19.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Територијата на Македонија  и денес среда, 24 јуни останува да биде под влијание на циклонска активност со центар над Турција. Во ваква ситуација атмосферата ќе биде многу нестабилна  и времето ќе биде променливо облачно и нестабилно на многу места со честа појава на пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.


Поради големата енергија во атмосферата  која  е многу загреана, локално атмосферските процеси ќе бидат интензивни и ќе има појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења  и со појава на град. И во делови од Скопскиот регион ќе има услови за појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења  и со појава на град.

За време на поголемата нестабилност, локално за кратко време очекувам да наврнат над 15 литри дожд на метар квадратен.

Максималните дневни температури на воздухот денес во Македонија денес ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени а во Скопјед  и околината температурата денес ќе се искачи до околу 32 степени.

Поради очекуваното ново невреме денес на повеќе места во Македонија, апелирам на поголема внимателност кај граѓаните.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче веќе ја нуди Македонија на распродажба само за да дојде до власт

СДСМ: Институциите да го истражат скандалот со бугарската фирма на Јанушев

Миноски: Богатството се создава со производство и извоз, а не со трошење