Утрински Весник
Македонија

Димитриеска – Кочоска: На Детската клиника имало лица кои незаконски биле повикани на работа

Detska klinika.webp.webp

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска изјави дека на Детската клиника во Скопје биле ангажирани лица без претходно обезбедена законска согласност за нивно работно ангажирање.

Одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Владата, таа посочи дека барањето од Детската клиника било доставено на 22 јануари, по што праша како вработените биле повикувани на работа во првите 22 дена од годината во јавната здравствена установа во Скопје.


– Требало да има обезбедено согласност пред Нова година за да може да ги задржи вработените. Што значи дека повторно се враќаме на она прашање – како директорот ги ангажирал и ги повикувал да дојдат на работа, кога законски не смеел? Понатаму, ние имаме рокови во коишто одговараме. Но, фактот дека тие луѓе не смеел да ги повикува на работа – останува, затоа што 22 јануари е дваесет и два дена по Нова година – одговори министерката на новинарско прашање.

Во однос на нови вработувања, таа рече дека зборувала и вчера.

-Побарајте му податоци да ви даде од архивите за да видите во април 2025 година колку нови согласности добил и што се случило на 22 април, односно колку согласности за на неопределено добил, во исто време, треба да се праша исто, директорот, кого тогаш вработил – кои 38 лица се вработени, а кои луѓе останале, да кажеме, без постојано вработување? – додаде Димитриеска – Кочоска на прес-конференцијата. 

Можете да прочитате

Седум амандмани прифатени од вкупно 105 поднесени за Предлог на законот за судска служба

Невреме со пороен дожд во Штип и Гевгелија

Мојсоска: Законот за судска служба ја става судската власт под контрола на извршната и ги уназадува правата на вработените во судовите