Утрински Весник
Македонија

МЕПСО со повик до земјоделците да внимаваат на далекуводите

Struja.jpeg

АД МЕПСО ги повикува земјоделците во периодот на наводнување и жетва, да бидат особено внимателни при користење на системите за наводнување, земјоделската механизација и другата опрема во близина на далекуводите од преносната мрежа.

-Заради безбедност на луѓето и сигурност на електроенергетскиот систем, неопходно е да не се поминува со комбајни или друга робусна земјоделска механизација под проводниците на далекуводите, да не се поставуваат цевководни системи за наводнување во далекуводните траси и под проводните јажиња, да не се креваат металните цевки во близина на проводниците, бидејќи металот е проводник на електрична енергија, велат од АД МЕПСО во предупредувањето до земјоделците.


Од компанијата, исто така, апелираат земјоделците да не ги поставуваат прскалките за наводнување под проводниците и во безбедносните коридори на далекуводите, бидејќи, како што велат, допирот на водениот млаз со проводниците може да предизвика сериозни последици и да го загрози човечкиот живот, како и да не палат стрништа во близина на далекуводи, бидејќи пожарите можат да предизвикаат прекини и оштетувања во електропреносниот систем.

-Дополнително, апелираме до спортските риболовци да бидат внимателни при користење на риболовните стапови во близина на далекуводите, а граѓаните да не вршат градежни работи на трасите и заштитните коридори на далекуводите. Да бидеме одговорни и да се грижиме за сопствената безбедност и безбедноста на другите! Не загрозувајте ја вашата безбедност и сигурноста на електропреносниот систем!, велат од АД МЕПСО во предупредувањето.

Преку ова предупредување, нагласуваат се укажува на мерките за безбедно извршување на земјоделските работи во близина на далекуводните траси, како и на правилното и безбедно користење на системите за наводнување, со цел заштита на луѓето, механизацијата и непречено функционирање на електропреносниот систем.

Можете да прочитате

Гаши утре во Софија на средба со претседателката на бугарскиот парламент

Мицкоски ќе ја финализира реконструкцијата до викендот, јавноста шпекулира со четири имиња

Од девет пријави за семејно насилство, приведени седум лица во последното деноноќие