Утрински Весник
Свет

Четири катарски танкери за природен гас влегоа во Ормуската теснина

Tankeri.webp.webp

Четири танкери за течен природен гас, кој ги контролира Катар, впловија денеска во Ормуската теснина и покрај намалувањето на бродскиот сообраќај откако Иран објави дека повторно го затворил водниот пат за време на викендот, покажаа податоците за бродскиот сообраќај.

Танкерите влегоа во теснецот преку иранската рута за прв пат од почетокот на американско-израелската војна со Иран, на крајот на февруари.


Бродот, кој плови под знамето на Маршалските Острови, исто така, денеска влезе во Персискиот Залив, покажаа податоците за следење на бродовите од LSEG, поморската разузнавачка служба на лондонската берза.

Можете да прочитате

Залихите на системот ,,Патриот” паднале за 65% Пентагон бара зголемување на производството

Нов украински напад, Крим остана без струја

Тајфун ја погоди Кина, откажани илјадници летови, евакуирани над еден милион луѓе