Утрински Весник
Свет

Тројца убиени и пет повредени во пукотница во училиште во Филипини

20260622085948 big 730x400 58.webp.webp

Три лица се убиени, а пет се повредени во пукотница во училиште во централниот дел на Филипини, соопшти денеска филипинската полиција.

Двајца осомничени се уапсени по пукотницата во Националното средно училиште Сан Хозе во градот Таклобан, кој се наоѓа во покраината Лејте, наведува полицијата.


Пукањето се случило околу 9 часот наутро по локално време, соопшти полициската канцеларија на градот Таклобан, додавајќи дека е во тек истрага за да се утврдат околностите на инцидентот.

Началникот на полицијата Ноелито Гетиган им изјави на новинарите дека еден осомничен малолетен ученик е уапсен кратко време по инцидентот, додека другиот подоцна им се предал на властите.

Можете да прочитате

Нов украински напад, Крим остана без струја

Тајфун ја погоди Кина, откажани илјадници летови, евакуирани над еден милион луѓе

Арагчи: Во моментов нема можност за продолжување на преговорите со САД