Утрински Весник
Економија

Соларен саем во Охрид, информации за придобивките од користењето на соларната енергија

Solarni paneli.webp.webp

На Градскиот плоштад во Охрид денеска ќе се одржи Соларен саем во организација на Центарот за климатски промени со цел користењето на сончевата енергија и обновливите извори да се доближи до пошироката јавност.

Посетителите ќе можат да се информираат за придобивките од користење соларна енергија, можностите за поставување фотонапонски системи во домаќинствата, како и пошироките чекори за вклучување во енергетската транзиција, вклучително и концептот на просумер – граѓанин кој произведува и троши сопствена електрична енергија.


Во рамки на саемот ќе бидат поставени штандови од различни организации и компании со што граѓаните ќе можат директно да се информираат за технички решенија, понуди и практични аспекти за инсталација. Ќе бидат организирани и интерактивни активности и демонстрации поврзани со користење на соларна енергија, меѓу кои и симулации на производство и користење на електрична енергија, како и интерактивни работилници за деца со цел на најмладите да им се доближи концептот на обновливи извори на енергија на забавен и едукативен начин.

– Настанот е дел од пошироките напори за зголемување на јавната свест за одржливи енергетски решенија и поттикнување на енергетската транзиција, велат организаторите.

Во рамки на проектот „Зајакнување на позитивната перцепција за процесите на праведна транзиција на локално ниво“, којшто се спроведува во рамки на „Финансирање на поправедни иднини: Проширување на ангажманот и овозможување на инклузивна и родово трансформативна климатска правда во Европа и пошироко“, координиран од CAN Europe и кофинансиран од Европската Унија, во текот на оваа година ќе бидат реализирани вакви соларни саеми и во Кичево, Битола и Прилеп.

Можете да прочитате

Мицкоски за вчерашната средба со претставниците на ланци на маркети: Се договара инфлацијата и цените на основните производи да останат под 3 проценти

Државата си пишува закон за сопствен профит, ќе интервенира ли Уставниот суд?

АСОМ: Јавната расправа покажа, Законот за игри на среќа мора да се повлече и да се изработи одново