Утрински Весник
Спорт

Селекторот на Уругвај, Биелса: Паузите за хидратација не придонесуваат за фудбалот

Bielsa.jpg

Селекторот на Уругвај, Марсело Биелса, изјави дека паузите за хидратација на Светското првенство не придонесуваат ништо за фудбалот, објави Ројтерс.

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) воведе задолжителни паузи за хидратација за време на натпреварите на Светското првенство, кое се одржува во САД, Канада и Мексико, со образложение дека целта е да се заштити здравјето на играчите во услови на висока температура.


„Играњето натпревари во четири полувремиња наместо во две ја менува културната основа врз која е изграден концептот на фудбалот. Оваа промена не додава ништо, а одзема многу. Фудбалот имаше една карактеристика пред оваа одлука, а сега има друга. Луѓето се заљубуваат во оваа игра поради нејзините карактеристики“, рече Биелса.

„Секако, ја поздравуваме и ја цениме технологијата како ВАР. Технологијата нуди повеќе можности. Со овие паузи, намерата е поинаква“, додаде уругвајскиот тренер.

Фудбалерите на Уругвај ќе играат против Капо Верде во второто коло од Групата Х на Светското првенство на полноќ помеѓу недела и понеделник.

Можете да прочитате

Курасао освои историски бод, голманот имаше 15 одбрани

Холандија ја декласираше Шведска – 24info.mk

За два натпревара – 30.000 евра