Утрински Весник
Македонија

Мотоциклист настрада во сообраќајка на Пластичарска

Motociklist.jpg

На 20.06.2026 околу 19:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Никола Карев” во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди” со кумановски регистарски ознаки, управувано од Л.Х.(48) од Куманово и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.Т.(21) од с.Визбегово, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски” во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.


Можете да прочитате

Се славеше независност на Македонија, а знамето погрешно!

Прво целосно помрачување на Сонцето во Европа по 27 години – еве што ќе се гледа од Македонија

Шест малолетници меѓу 21 приведен за безобѕирно возење во Скопје