Утрински Весник
Македонија

До 1 јули нема да сообраќаат возови од Скопје до Велес, Битола и Гевгелија

Voz 2.jpg

Од 22 јуни до 1 јули нема да сообраќа ниту еден патнички воз од Скопје во правец кон Велес, Битола и Гевгелија, поради градежни работи на железничката делница Скопје – Зелениково.

Од ЈП „Македонски железници – Инфраструктура“ информираат дека привремениот прекин е поради изведување на завршни градежни работи на пругата Скопје – Велес, на делницата од станица Скопје до станица Зелениково, за потребите на проектот „Градски воз“.


„Поради изведување на завршните градежни работи на пругата Скопје – Велес, на делницата од станица Скопје до станица Зелениково, за потребите на проектот ‘Градски воз’, привремено од 22.6.2026 до 1.7.2026 година нема да сообраќаат возовите“, соопштија од ЈП МЖ – Инфраструктура.

Во овој период нема да сообраќаат патничките возови од Скопје кон Велес, Гевгелија и Битола, ниту возовите во обратна насока.

Нема да сообраќа ниту патничкиот воз што напладне тргнуваше од Битола во 12:46 часот и по пристигнувањето во Велес во 15:25 часот се враќаше назад, иако не минува низ делницата Скопје – Зелениково што се реконструира.

Во следните десет дена во земјава ќе сообраќаат само двата патнички воза кон Куманово — утринскиот и пладневниот, како и исто толку возови во обратна насока кон Скопје.

Можете да прочитате

Хоџа: Пет години Национален парк Шар Планина – развој во хармонија со природата

Десет лица повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Владината реконструкција пред пратениците до 1 јули