Утрински Весник
Македонија

ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ БРАН ВО ЕВРОПА: Од недела температури и до 44°C

2026 06 23t12 00 00z.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Западна  и југозападна Европа во периодот од недела (21 јуни) па најмалку се до среда (24 јуни) ќе биде на удар на екстремно топол бран од Африка кој ќе услови навистина да има екстремно високи температури на воздухот кои на многу места ќе се искачат и ќе надминат 40 степени, во делови од Шпанија  и Франција температурите ќе се искачат дури и до 43/44 степени.


Температурите кои се очекуваат во овие предели, од недела 21 јуни па се до среда 24 јуни се навистина далеку над просекот за месец јуни и тие се повисоки од просечните дури и за повеќе од 15 степени.

Сепак и покрај ова, делови од Европа деновиве повторно ќе бидат зафатени од локални но силни временски непогоди кои би можеле да прераснат  и во Суперкелиски бури, а често пати токму овие Суперкелиски бури може да предизвикаат и фромирање дури и на торнадо.

Кај нас во Македонија температурите ќе бидат далеку по умерени и пониски за разлика од погоре споменатите предели на Европа  и тие во наредните денови кај нас ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени, но со тоа што во Повардарието и во југоисточните предели температурите ќе се искачат за некој степен над 35 степени, односно до максимални 36/37 степени.

Во Македонија  и понатаму немаме на повидок екстремно топол Африкански бран кој би донесол екстремно високи температури на воздухот.

Можете да прочитате

Автомобил во движење се запалил во близина на ГП Ќафасан

СДСМ: Нов скандал во Владата на Мицкоски – Јанушев со фирма во Бугарија?

Уапсени две лица во Скопје – во возило пронајдени околу 90 пратки стока без соодветна документација, возачот управувал без возачка дозвола