Утрински Весник
Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје

Soobrakaen Rezim 960x502 1.jpg

На 20.06.2026 (сабота) поради одржување на јавен настан со почеток од 18:00 часот од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Имено настанот ќе почне со траса на движење од пред Фонтана Лотус-Градски парк, во продолжение по булеварот „Илинден“, лево по улицата „Франклин Рузвелт“, лево по булеварот „Партизански Одреди“, десно по улицата „Васил Главинов“, лево продолжува по улицата „Димитрие Чуповски“ и завршува парк Жена Борец на улицата „11-ти Октомври“.


СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

Можете да прочитате

Трговскиот центар во Лисиче добива целосно нов изглед

Без струја денеска дел од Гази Баба, а без вода дел од улицата Мајаковска и од булеварот Партизански Одреди

Се асфалтира улицата „Симеон Кавракиров“ во Мичурин