Утрински Весник
Македонија

Топлотен бран од Африка во Македонија: Викендов услови и за невреме на планините

Meteoalarm.mk 25.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Денешното утро петок, 19 јуни во Македонија ни донесе ведро и релативно топло време со релативно високи утрински температури на воздухот. Имаше појава и на мала до умерена локална облачност. Денешното утро не донесе некој изразен ветер, тоа значи дека беше претежно тивко или со слаб северен ветер.


Најниска температура ова утро е измерена во Берово, и тоа 8 степени, а на Скопје Зајчев Рид  и на Скопје Петровец се измерени 19 степени.

На метеоролошката карта можете да ги видите денешните утрински температури измерени во Македонија.

Денес и за време на викендот(сабота и недела 20/21 јуни) ќе имаме се потопло време во Македонија  и ќе бидеме под влијание на топол воздушен бран од Африка кој ќе услови температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени. Во Повардарието и во југоисточните предели од Македонија тие може да надминат  и 35 степени. Во Скопје  и околината температурата ќе се искачи до околу 34 степени.

Во попладневните часови особено во планинските предели ќе има услови за локален развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер  и услови за појава на краткотрајно невреме со град.

Можете да прочитате

Кривична за доктор и медицинска сестра, се обиделе да криумчарат 199 вијали со ботокс

Кузмановска: Претседателот на СДММ прераспределен од Штип во Берово затоа што не молчи

ТХП: Повторно да се разгледа Предлог-законот за соодветна и правична застапеност, да се земат предвид и предлозите на малобројните етнички заедници