Утрински Весник
Македонија

Се финализираат измените и дополнувањата на Изборниот законик

Izbori.webp.webp

Денес се одржа деветтата седница на Работната група за реформи во изборното законодавство, на која продолжи разгледувањето на предлог-измените и дополнувањата на Изборниот законик.

Во текот на досегашната работа, Работната група разгледа и усогласи низа клучни прашања, вклучително и препораките на ОБСЕ/ОДИХР, како и предлозите доставени од државните институции и политичките партии. Дел од решенијата беа усогласени со консензус, додека за одредени прашања се водеше интензивна и конструктивна дебата.


По комплетирањето на процесот и финализирањето на предлог-решенијата, измените и дополнувањата на Изборниот законик ќе бидат доставени за понатамошна постапка.

Работната група и натаму останува посветена на обезбедување инклузивен и транспарентен процес, во насока на унапредување на изборната рамка согласно демократските стандарди и меѓународните препораки.

Можете да прочитате

Криминална мрежа во ФФМ: Истрага за проневера од речиси 3 милиони евра, приведени 12 лица

Социјалните мрежи ги победија традиционалните медиуми како главен извор на вести

Ордановски: Наместо да избираме власт, на избори само казнуваме!