Утрински Весник
Спорт

Португалија разочара одигра нерешено со ДР Конго

20260617210817 big 730x400 15.webp.webp

На првиот дуел од групата К Португалија и ДР Конго одиграа нерешено 1:1, со тоа фаворитот Португалија остана без планираната победа на стартот од Мундијалот, додека ДР Конго најави дека се подготвени за пласман во следната фаза.

Идеално започна мечот за фаворитот. По центаршутот на Нето, најнискиот на теренот, Жоао Невеш со глава погоди во шестата минута. Се обидоа потоа Португалците да притиснат уште повеќе, но не создадоа шанса до крајот на мечот.


Како одминуваше натпреварот Конго излегуваше понапред, а Виса ја шокира Португалија во петтата минута од судиското надополнување на времето во првиот дел.

Второто полувреме се играше по речиси исто сценарио како првото, со таа разлика што играчите на Конго не играа бункер. Се обидуваа, имаа неколку опасни напади, но премногу грешеа во последната третина од теренот.

Истото важи и за Португалија, легендарниот Роналдо речиси беше невидлив на теренот, имаше два обиди, но без конкретна закана.

Можете да прочитате

Гроздановски: Талентите се губат поради притисокот од родителите во Македонскиот фудбал

СП 2026: Скандал – фудбалер бил уапсен поради местење натпревари

Вардар во конкуренција на шест екипи за четири вајлд карти од Лигата на шампионите