Утрински Весник
Свет

ФСБ: Спречени терористички напади во три руски региони

Fsb.webp.webp

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) објави дека се спречени терористички напади во три руски региони и дека се уапсени три лица под сомнение за планирање терористички напади врз воен персонал, волонтерски организации и објекти за гориво, енергија и транспорт по наредба на украинските разузнавачки агенции.

„Федералната служба за безбедност на Руската Федерација приведе тројца соучесници на украинските специјални служби во Република Адигеја, Тјуменската област и Краснодарската територија“, се вели во соопштението на ФСБ, објавено од Интерфакс .


Според разузнавачката агенција, уапсените планирале да извршат саботажни и терористички акти против припадници на руските вооружени сили, волонтерска организација која им обезбедува поддршка на учесниците во специјални воени операции, како и против транспортната инфраструктура и објектите за гориво и енергија во овие региони.

За време на нивното апсење, запленети се импровизирана експлозивна направа направена од пластичен експлозив од странско производство, како и импровизирани запаливи направи.

Можете да прочитате

ИРГЦ: Во случај на обновување на судирите, Иран ќе открие оружје што ќе го изненади целиот свет

Трамп најави „најголем американски воздушен саем во светот“

Масовните протести во Франција влегуваат во четвртиот викенд