Утрински Весник
Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: Стевчо Јакимовски нека оди на Бихаќка, кривичната пријава му е поднесена во време на СДС 

Vmro Dpmne 1.jpg

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

Лицето Стевчо Јакимовски, кој е дел од црната листа на САД, се уште не може да се помири со фактот дека ги загуби изборите во Карпош, па секојдневно се занимава со ВМРО-ДПМНЕ.


Му препорачуваме на Стевчо Јакимовски следен пат да се снима на Бихаќка пред штабот на СДС, затоа што кривичната пријава му е поднесена токму во времето на владеење на СДС.

Дополнително, нам ни е чудно како Стевчо кој секој ден држеше пресови за здравствената состојба на Сотир, сега кога треба да се соочи со правдата стана болен. Чудно е како функционира кармата.

Не е болен за глупави изјави, но е болен кога треба да оди во затвор.

Можете да прочитате

Нови инвестиции во пумпните станици на Општина Илинден

100 електрични автобуси, БРТ и 520 нови паркинг места за скопскиот сообраќај

„Гола месечина“ повторно носи култура и забава во Аеродром