Утрински Весник
Македонија

Јавна расправа по предлог-законите за судска служба и за јавнообвинителска служба

Sobranie.webp.webp

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе одржи јавна расправа по Предлог-законот за судска служба и Предлог-законот за јавнообвинителска служба.

Со Предлогот на закон за судска служба се уредува посебниот статус на вработените во судската служба и тоа посебните државни службеници-судски службеници, државните службеници, судската полиција и помошно техничкиот персонал. 


Со Предлогот на закон за јавнообвинителска служба се уредува посебниот статус на вработените во јавнообвинителската служба, посебни државни службеници (јавнообвинителски службеници), државните службеници и помошно техничкиот персонал-лицата вработени во јавните обвинителства за техничка поддршка и други помошно-организациски работи.

Можете да прочитате

Приведен возачот кој на автопатот Охрид – Кичево со возило удри и тешко повреди работник од Кина

Гиулекас: Поставуваме модуларни контролни пунктови на Евзони за да се скрати времето на чекање

ВЛЕН: Автопатот не поминува низ нивните земјишта, затоа вриштат