Утрински Весник
Економија

Мицкоски: Владата ги поддржува домашните претприемачи, индустрија и економија и бележи значаен раст во индустријата, од 7,5% 

Df0af6a9 9e1a 55e6 3d06 05b836f00baf.jpeg

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања во однос на тоа каква е  реализацијата на кредитната линија за поддршка на домашните компании и какви се најновите податоци за прометот во индустријата, изјави:

„Да, благодарам на прашањата. Што се однесува до поддршката којашто во јавноста е позната како дел од оној унгарски кредит, минатата недела беа исплатени, односно префрлени некаде околу 120 милиони денари или кога сѐ ќе се заокружи од почетокот до денеска, зборуваме за вкупна сума од 230 милиони евра. Така што ние како Влада, не само што поддржуваме и вакви претприемнички потфати, странски, директни инвестиции, ние поддржуваме и домашните претприемачи, домашната индустрија и домашната економија. Знаете дека каматната стапка на кредитот е од 1,95%, нешто кое што претставува субвенционирано од страна на Владата, со грејс период од 3 години, до 12 години рок на отплата. И на тој начин практично, ние очекуваме барем двојно повеќе таа сума да се зголеми, кога станува збор за инвестиции на домашните компании. 


Тоа е практично една од причините, да се надоврзам веднаш на второто прашање, зошто имаме раст во индустријата во месец април. Се консолидиравме после оној шок во март, кога се случи војната во заливот и кога практично ескалираше најголемата енергетска криза којашто ја памети човештвото во овој милениум. А според сите познавачи, ова е поголема од последните 3 енергетски кризи заедно.

И веќе во април месец консолидираната индустрија бележи значаен раст, односно 7,4 или 7,5% зголемена размена споредено со истиот месец од минатата година. 
Така што сето ова претставува лоша веста за оние коишто не сакаат да успее оваа земја. Коишто ги гледаме како создаваат хистерија, паника, рефлектираат невистини, креираат, импровизираат, манипулираат и така натаму. Сепак, Македонија забрзува и сепак Македонија на крај ќе победи како што многу пати победила во минатото.”

Можете да прочитате

Мицкоски: Ребалансот на Буџетот оваа недела треба да помине на владина седница

Нова инвестиција во ТИРЗ Тетово вредна 20 милиони евра, ќе отвори околу 500 работни места

МФ: Исплатени над 2 милијарди денари субвенции за тутун на 15.144 тутунопроизводители