Утрински Весник
Македонија

МНР со осуда за палењето автомобил на бугарската амбасада

Mnr.jpg

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро го осудува инцидентот што се случи денеска, при кој беше извршено опожарување на возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.

Воедно, информираме дека Министерството за внатрешни работи презема соодветни мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот.


Министерството за надворешни работи и надворешна трговија дава целосна поддршка на надлежните институции во насока на брза, ефикасна и транспарентна истрага, со цел утврдување на одговорноста и соодветно санкционирање на сторителот.

Можете да прочитате

Македонија денеска го одбележува 2 Август – Илинден

Ахмети го честита Илинден: Определбата на Албанците не е променета, избравме заедничка, унитарна, демократска и европска Северна Македонија

Г.Г. Стефан: Илинден нѐ повикува на покајание и на враќање кон светите вредности: Верата, правдата, честа и достоинството