Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН: Не сме уште една партија, туку сме поголема сила!

Vredi vlen.jpg

Соопштение за јавност на ВЛЕН:

Со години, Албанците во Македонија слушаа ветувања за обединување. Многумина зборуваа за него, но малкумина беа подготвени заедничкиот интерес да го стават пред партискиот.


Токму затоа ВЛЕН не се појави од потребата за уште еден политички субјект. ВЛЕН произлезе од потребата да се обединат енергијата, капацитетот и политичката волја на Албанците околу заедничка визија за иднината.

За првпат, пет политички субјекти одлучија да ги надминат меѓусебните разлики и да изградат заеднички политички проект. Не за да создадат уште една поделба, туку за да изградат поголема политичка сила.

Ова обединување е изградено врз довербата на граѓаните во Скопје, Тетово, Гостивар, Куманово, Кичево, Струга, Дебар и во секое место каде што Албанците бараат достоинство, развој и правична застапеност.

ВЛЕН претставува модерна десноцентристичка политичка опција, заснована врз вредностите на семејството, трудот, одговорноста, меритократијата и економскиот развој. Веруваме дека политиката треба да ги обединува луѓето околу идеи и резултати, а не околу поделби и конфликти.

Во време кога многумина инвестираа во поделби, ние го избравме обединувањето. Во време кога теснопартиските интереси честопати беа ставани пред интересот на граѓаните, ние го избравме заедничкиот интерес.

Затоа што на Албанците не им требаше уште една партија.

Им требаше поголема сила.

Им требаше ВЛЕН.

Можете да прочитате

Левица: Премиерот Мицкоски аплаудира додека државните домови пропаѓаат, а приватниот бизнис профитира

Нова бомба на АКТ: Омилените фирми-тендераши на власта си имаат омилени фирми, МГ Проект и МБМ Архитекти

Вчера во Скопје МВР изрекла 219 казни за возачи на мотоцикли