Утрински Весник
Македонија

Лентите за М – ТАГ на патарините од полноќ само за електронски тагови

Mtag 1.webp.webp

Лентите означени за M -таг на патарините во државава од ноќеска ќе бидат наменети исклучиво за користење со електронски тагови, а непочитувањето на означувањето и намената на лентите може да предизвика застои во сообраќајот и да влијае врз безбедноста и ефикасноста на сообраќајот, укажува Јавното претпријатие за државни патишта.

ЈПДП апелира до корисниците на услугите на наплатните станици повнимателно да ги следат информативните електронски табли поставени пред и на самите наплатни станици, каде е извршена јасна категоризација на лентите по вид на плаќање: наплата со MTAG, наплата со MCARD и наплата со CASH и MCARD. Со таа измена, вршењето на наплата со MCard на лентите за МTag се укинува. Корисниците кои користат MCard ќе ја реализираат наплатата на останатите достапни ленти на наплатната станица, согласно со нивната намена.


Исто така, ЈПДП укажува и апелира до корисниците на строго почитување на вертикалната и хоризонталната сигнализација за непречено и безбедно одвивање на сообраќајот кои се должни да ја следат сигнализацијата за статусот на лентите:  зелена стрелка – означува активна (отворена) лента, како и црвен икс (X) – означува затворена лента.

Можете да прочитате

Мицкоски за враќањето на пасошот на Марковски: Има груба манипулација од локален јавен обвинител, ова нема така да заврши

Во тек е исплата на образовниот додаток за четврт мерен период за учебната година 2025/2026 година

Во јули во просек дневно регистрирани по околу 15 пожари на отворен простор, Ангелов со апел да не се палат огнови и скари во шуми