Утрински Весник
Македонија

Ахемти не планира да биде доживотен претседател на ДУИ

Ali Ahmeti.jpg

На Изборното собрание на огранокот на ДУИ во Куманово, претседателот на партијата, Али Ахмети изјави дека тие се најорганизираната партија во земјата и регионот, која, како што рече, направила 83 отсто промени во раководството на партијата и 73 отсто промени во раководството на кумановскиот огранок. Ахмети истакна дека оние што ја основале ОНА и ДУИ им отстапиле простор на новите генерации, додавајќи дека тоа било и мотото на ДУИ „да се издигне партија и новите генерации“.

Од поранешните раководители, Ахмети го спомена Садула Дураку, за кого рече дека ќе биде назначен во раководството на комитетот на ветераните, но додаде и дека и тој самиот нема секогаш да биде партиски претседател, туку ќе стане ветеран.


„Ние сме партија, движење, мисија, меѓу најорганизираните и најетаблираните во РСМ и во регионот. Нема политичка сила што прави 83 отсто промена во раководството, 73 отсто во раководството на огранокот. Сите оние што ја основаа ОНА, ја основаа и ДУИ, сега се редат зад 73 отсто млади момчиња и девојки. Кое беше нашето мото? Сите заедно со свест и одговорност дека ДУИ треба да ја издигнеме над нас, да ги издигнеме новите генерации. Не случајно Ули е поставен на чело на комитетот на ветераните. Секако и Садула ќе го направиме.

По тебе доаѓам јас, јас нема да останам партиски претседател. И јас сакам да се постројам кај ветераните и членовите на ДУИ да видат како јас се борам како ветеран“, изјави Ахмети. објавува Журнал.мк

Можете да прочитате

13 годишно дете ја срушило канделабрата во Карпош

УСТАВЕН НИХИЛИЗАМ ИЛИ КРИЗА НА СУВЕРЕНИТЕТОТ?

Јакимовски: Ова е прв и единствен случај некој да оди во затвор за дивоградба