
Соопштение на СДСМ:
Додека Мицкоски го брани Трипуновски земоделците се во тешка криза.
Сточарството се распаѓа, Мицкоски и Трипуновски ги доведоа сточарите во безизлезна состојба – оставени сами да се борат за опстанок размислуваат за затворање на фармите.
Откупната цена на млекото е драстично намалена и понижувачка, само дваесетина денари за литар.
Додека на сточарите млекото им се откупува по мизерни цени, во исто време, цените на млекото и млечните производи во маркетите растат. Значи дека некој прави профит врз грбот на земјоделците, а власта тоа го дозволува.
Кризата со откупот на млеко се зголемува. Две млекарници во делчевскиот регион најавија прекин на откупот на млеко. Голем дел од сточарите остануваат без пласман за своето производство и без сигурност за сопствената егзистенција.
Доцни исплатата на субвенциите за грло добиток и за премиите за млеко.
Бараме итна реакција за да се обезбеди непречен откуп на млекото и да се спречи дополнителна штета.
Власта преку интервентната програма веднаш да воведе посебна мерка за поддршка на производителите на кравјо млеко, за да се ублажат последиците од кризата.
Мицкоски како цунами го уништи земјоделство. Ги излажа и изигра луѓето кои се заслужни што имаме храна.
Субвенциите им се намалени за 40 милиони евра, откупот е намален за 46% – земјоделството крахира.
Во секоја земјоделска гранка е хаос – земјоделците, сточарите, градинарите, пчеларите, млекопроизводителите, сите се соочуваат со истите проблеми. Ниски откупни цени, неисплатени субвенции, несигурен пласман .
Затоа СДСМ побара одговорност од Трипуновски ама Мицкоски го штити.
Прашуваме, зошто доцнат субвенциите, дали во Буџетот има пари?
Зошто не се преземаат мерки за намалените откупни цени на млекото, доматот, пиперката и оризот?
Или нема пари за земјоделците?


