Утрински Весник
Македонија

Николовски побара одговорност од Трипуновки: Ги намаливте и не ги исплаќате субвенциите, земјоделците се излажани

Ljupco nikolovski sdsm 2.jpg

Ветувавте повеќе субвенции, а земјоделците добија помалку,  ги лажевте земјоделците дека субвенциите ќе бидат исплатени во март, па во април, па во мај, денес сме 10 јуни, а многу земјоделци сè уште немаат добиено ниту денар на своите сметки, нагласи пратеникот од СДСМ, Љупчо Николовски на денешната собраниска седница на која на дневен ред беше интерпелацијата за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, поднесена од пратеничката група на СДСМ и коалицијата.

Николовски посочи дека две години, како што е Трипуновски министер, субвенциите за земјоделците не само што се намалени, туку и се неисплатени.


„Ветувавте повеќе субвенции, а земјоделците добија помалку. Ги лажевте земјоделците дека субвенциите ќе бидат исплатени во март, па во април, па во мај. Денес сме 10 јуни, а многу земјоделци сè уште немаат добиено ниту денар на своите сметки. Субвенциите за овци доцнат 10 месеци. Владата удри по земјоделците. Владата ги скрати субвенциите за тутунот и предизвика гнев кај тутунарите. До каде се премиите за тутунот? До каде се субвенциите кои што треба да ги исплатите за 2025 година? За сточарите, за градинопроизводителите, за сè она што не е исплатено. Министре Трипуновски, кога ќе ги исплатите и субвенциите за говедата коишто ги скративте? Чувствувате ли потреба за реализирање на исплата кон оваа категорија на земјоделци кои што се неисплатени, имаат и намалена цена на млекото за 10 денари”, рече Николовски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ги излажа земјоделците и за две години ја скрати финансиската поддршка за земјоделството.

„Изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ вели 180 милиони евра годишно за финансиска поддршка. 120 милиони евра е поддршката во овие две години. Конкретно, за програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и интервентниот фонд, вкупниот буџет во 2025 година е 124 милиони евра. За прв пат со ребаланс на буџетот скративте на субвенции. Кога веќе ги лажевте земјоделците со некаква зголемена поддршка, а истата е помала од било кога претходно, бидете искрени барем до крај и кажете им на земјоделските производители дека ги задолживте идните генерации со 2,5 милијарди евра и тоа е единствената работа која што ја направивте. Меѓутоа кажете им на земјоделците дека за нив нема пари и да се снаоѓаат како знаат и умеат”, рече Николовски.

Притоа, Николовски посочи дека во секоја гранка во земјоделството има кратење на субвенциите и доцнење со исплата.

„Пишувате во програмата за некакво покачување на субвенциите за сточарството од 50%. Да не мислевте намалување за 50%. Првата работа што ја направивте, покрај еден милион евра за големите, што е најкоруптивната мерка, е намалувањето на субвенциите за говедата од 12.000 на 8.000 денари. Па им правевте математика на земјоделците како со еден денар плус ќе добијат повеќе. Субвенциите ем се неисплатени, ем се намалени. Никаде во програмата не кажавте дека ќе го укинете субвенционирањето на ситниот ориз”, рече Николовски.

Во обраќањето, Николовски нагласи дека Трипуновски наместо да ги заштити малите земјоделци, ги намалува нивните можности за субвенции, а за сметка на тоа ги концентрира субвенциите кај мал број привилегирани корисници.

„Се укинуваат мерките за малите земјоделци и производители на храна, а се отвора простор за поголема поддршка за големите. Наместо сигурност и развој, земјоделците добија неизвесност и разочарување. Кажете им поголема поддршка ќе има за поединците и тоа за големите. Наместо 300.000 евра, првата и единствена работа што ја направивте како во времето на Груевски е што го зголемивте лимитот на 1 милион евра по корисник. Поединци за кои смисливте мерки за кои не треба доказ за продадено производство за сертифициран посадочен материјал од пред две години. Поединци кои што ги позлативте со дополнителни субвенции за откуп на грозје минатата година”, рече Николовски.

Можете да прочитате

Панел дискусија во Diamond Mall: Македонското музичко издаваштво има потенцијал, но потребни му се поддршка, инфраструктура и видливост

Кога законот го уредува здружувањето – дали пензионерските организации се навистина независни?

Почината жена најдена во стан во Аеродром