Утрински Весник
Македонија

Уапсени осум возачи, седум возеле без возачка

Privedeni vozaci.jpg

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без возачка дозвола, а еден и покрај тоа што имал активна забрана.  

Три лица во Скопје возеле без возачка дозвола и по едно во Кичево, Тетово, Кавадарци и Кочани. Додека, едно  лице во Кичево управувало возило и покрај тоа што за него има активна забрана. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. 


,,Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај” велат од МВР.

Можете да прочитате

ЛДП: Ви плукнаа во лице со назначувањето на Фетаи во Брисел! Како се чувствувате сега?

СДСМ: Мицкоски ја труе цела Македонија – По седум града, сега и Башино Село и изворите во Елшани и Велестово

Стружанец со 2,5 промили алкохол во крвта предизвикал сообраќајна, полицијата го приведе