Утрински Весник
Магазин

Британскиот пејач и текстописец Талај Рајли избоден до смрт во Лондон

Image 2026 06 08 220206234.png

Британскиот пејач и текстописец Талај Рајли, чие вистинско име е Марк Орабији, почина на 35-годишна возраст откако бил избоден во источен Лондон, објави Скај њуз.

Полицијата соопшти дека музичарот бил пронајден со убодни рани во населбата Силвертаун во петокот и починал на местото на нападот.

Рајли беше добитник на Греми награда и соработуваше со голем број познати изведувачи, меѓу кои Дуа Липа, Бритни Спирс и Ели Голдинг. Во текот на кариерата настапувал и на турнеи со Ашер.

Во истиот инцидент бил избоден уште еден маж на дваесетина години, кој е хоспитализиран, но неговите повреди не се опасни по живот.

Во врска со случајот се приведени три лица. Еден 27-годишен маж е пуштен со кауција, додека 24-годишен маж и 25-годишна жена се ослободени по полициското испрашување.

Можете да прочитате

Кинематографските продукции на GoTürkiye наградени на US International Awards 2026

Црна Гора воведува два дена платено менструално отсуство месечно

Мали работи што ја одржуваат љубовта