Утрински Весник
Македонија

Поплавени улици во Битола, ЈКП „Нискоградба“ интервенира по обилниот дожд во градот

20260608204901 big 730x400 92.webp.webp

Големите количини на дожд кои попладнево паднаа во Битола предизвикаа проблеми во нормалното функционирање во делови од градот, информираа од Општина Битола и потврдија дека екипи на ЈКП „Нискоградба“ Битола се на терен.

Веднаш на терен излегоа екипи на ЈП „Нискоградба“ Битола при што интеренираа и интервенираат на следните места: – населба „Стрелиште“ на улицата „8 септемрври“ кај бензинската станица на „Лук оил“, – населба Карпош-Кланица на потегот кој излегува на улицата „Железничка“, – на улицата „Железничка“ на потегот кај „Император“ – населба „Стрчин“ на реката Курделес – улица „Патризанска“ пред Медицина на трудот, – Горно Оризари улица „Крте Нале“ одводниот канал, Раштански порој – улица „Бурса“. – улица „Цар Самоил“.

Исто така екипи на „Нискоградба“ ќе интервенираат на улицата која води кон село Раштани, а имаше и помали интервеници во „Бадембалари“, населбата „Баир“, на улицата „Широка“ каде решетките не можеа да ја соберат водата од ридот, потоа на улицата „Васко Карангелевски“ на стариот Курделес кој излегува на улицата „Смилевски конгрес“. Екипи на „Нискоградба“ ќе интервенираат и на патот за Брусник и Лавци.

Можете да прочитате

Петровска: Министрите мора да бидат отчетни пред Собранието

„Ни мртва нема да го направам“ – Сиљановска-Давкова: Не договарам уставни измени зад затворени врати

Силјановска-Давкова најави средба со Јотова во Софија: Нема нерешлив проблем, време е за градење доверба