Утрински Весник
Македонија

Промоција на „Исповед за акварелот“ – три децении акварелно творештво на Снежана Илиева

E87911c1 69ca 4a7c 9c0a 674a1ad50400.jpeg

Живот посветен на образованието, а душа вљубена во уметноста. Тоа е приказната на Снежана Илиева, чиј творечки пат и богат ликовен опус се заокружени во монографијата „Исповед за акварелот“, која ќе биде промовирана утре, 9 јуни, со почеток во 18:00 часот, во просториите на Порта Македонија.

Монографијата претставува сведоштво за повеќе од три децении творење во една од најсуптилните сликарски техники – акварелот, како и одбележување на 25 години од нејзината прва самостојна изложба во Струмица, одржана во 2001 година. Низ лични записи, репродукции на дела и критички осврти од еминентни историчари на уметноста, кустоси и ликовни критичари, изданието го следи патот на авторката од наставник по математика и физика до препознатливо име во македонското акварелно сликарство.


Во својата исповед, Илиева зборува за акварелот како за сопствена „ѕвезда водилка“, простор на слобода, искреност и духовна исполнетост. За своето доживување на сликарството пак, авторката Илиева во монографијата истакнува:
„Една слика носи илјада зборови што тивко извираат од срцето на авторот. Во неа постоиш, чувствуваш и твориш – и сѐ што е родено од срцето и душата нѐ допира, нѐ буди и нѐ привлекува. Токму затоа сликите не се само уметност, туку стануваат душата на просторот: основен украсен елемент на домот и тивок сведок на нашето секојдневие.“

Иако по вокација не е академски сликар, Снежана Илиева зад себе има богат творечки пат со бројни изложби и престижни признанија, меѓу кои и Првата награда за акварел од КИЦ – Скопје во 2003 година. Нејзиниот лирски опус е инспириран од природата и староградската архитектура, а нејзиниот талент беше препознаен и преку изложување рамо до рамо со доајените на македонското сликарство на јубилејната изложба за Љубомир Белогаски.

Можете да прочитате

Ослободителна пресуда за таткото на Васил Јованов со чие возило беше предизвикана кобната сообраќајка, а за која веќе е осуден неговиот син

Филипче за Недељник: Имаме сознанија дека Груевски добил и српско државјанство

Индијец починал во паркот Жена борец