Утрински Весник
Македонија

Со 2,75 промили алкохол во крвта и без возачка, предизвикал сообраќајка и избегал, па нападнал полицајци

Whatsapp image 2026 04 09 at 15.02.37.jpeg

ОВР Дебар поднесе кривична против А.Љ.(29) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „безобѕирно управување моторно возило” и „напад врз службено лице при вршење на работи од областа на безбедноста”.

Тој, на 29.05.2026 во 23 часот, на улицата „ Зеќир Чанка” во Дебар бил лишен од слобода затоа што управувајќи моторно возило „поло” со дебарски регистарски ознаки, сообраќајна незгода и избегал, а потоа физички нападнал полициски службеници.


Откако е лишен од слобода, утврдено е дека немал положено возачки испит и по извршено алкотестирање кај него се констатирани 2,75 промили алкохол во крвта.

Можете да прочитате

Минчев: Еднаква плата за еднаква работа – од реформа до функционален систем на плати во јавниот сектор

Кузеска: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

Левица: Бараме ДПМНЕ и СДСМ веднаш да делегираат членови за Анкетната комисија за „Пулс”