Утрински Весник
Македонија

Двајца мажи од Кичево фатени како возат без возачка

Policija.jpg

На 05.06.2026 во 00:40 часот, на улицата „Маршал Тито” во Кичево, полициски службеници сопреле патничко возило „бмв” со скопски регистарски ознаки, што го управувал Е.П.(31) од Кичево. При обид да се изврши контрола,  возачот го стартувал возилото и се дал во бегство. По преземени мерки, возилото е пронајдено и обезбедено, а констатирано е и дека Е.П. немал положено возачки испит. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 05.06.2026 во 18:00 часот, на магистралниот пат Кичево- Гостивар, кај селото Колари, полициски службеници од слобода го лишија С.С.(26) од Кичево. При извршена контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле товарно возило „мерцедес” со кичевски регистарски ознаки, кое тој го управувал и притоа констатирале дека немал положено возачки испит. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило”.  


Можете да прочитате

Нарачал продукција па го претепал и ограбил доставувачот

И Здравје и Работа: Време е институциите за „Иловица – Штука“ да одлучуваат врз основа на факти, а не на притисоци 

Запалено ,,Ауди” на паркинг во Аеродром