Утрински Весник
Скопје

Откочен е проeктот за БРТ, откри Ѓорѓиевски

579095388 1371194147967204 8479893967266000513 n.jpg

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на денешната прес-конференција истакна дека една од клучните теми на кои се работи е урбаната мобилност и одржливиот транспорт, не само во главниот град, туку и во останатите општини во Македонија. Во таа насока, тој се осврна и на проектот за брз автобуски превоз (БРТ), при што посочи дека процесот е повторно активиран и дека е обезбедена поддршка од Владата за негово понатамошно реализирање.

„Конечно го откочивме целиот процес и се подготвуваме за започнување на прелиминарната фаза. Овој проект ќе има значително влијание врз мобилноста во Скопје“, рече Ѓорѓиевски.


Исто така, покрај подобрувањето на протокот на сообраќајот, најави дека во наредните три до четири години ќе се инвестира и во развој на велосипедската инфраструктура, пешачките патеки и други решенија што ќе им понудат на граѓаните алтернативни начини на движење.

Можете да прочитате

Општина Аеродром: За два месеца 400 тони отпад транспортиран во „Дрисла“

CENTAR NIGHT RUN- прво издание на ноќната урбана трка низ Центар

Ѓорѓиевски и Гоксу го пуштија новото осветлување на Камениот мост