Утрински Весник
Свет

Трамп ја поздрави можноста за средба меѓу Путин и Зеленски

Tramp vo avion.jpg

Американскиот претседател Доналд Трамп ја поздрави можноста за средба меѓу претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин, и Володимир Зеленски. „Мило ми е што зборуваат за средбата. Мислам дека влијаевме на неа. Мислам дека би било одлично ако се сретнат“, изјави американскиот претседател пред новинарите во Овалната соба, објавија локалните медиуми.

Трамп додаде дека доколку има средба, и Путин и Зеленски ќе мора да направат компромиси.

„Јас ги предложив тие компромиси. Тие мора да престанат. Минатиот месец беа убиени 25.000 луѓе. Војници, претежно војници. Имаше и цивили“, рече американскиот претседател.

Синоќа, Зеленски предложи директна средба со својот руски колега за ставање крај на војната. Тој додаде дека Киев не сака „трајна војна“ и предложи отворање директни преговори меѓу двајцата шефови на држави во трета земја, наведувајќи ги Швајцарија, Турција или арапските земји како можни домаќини.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потоа одговори дека Зеленски може да дојде во Москва во секое време.

Русија започна инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година

Можете да прочитате

Украина уништи руска база на беспилотни летала

Претставничкиот дом на САД гласаше за помош од 9 милијарди долари за Украина

Зеленски испрати писмо до Путин: Предлагам крај на војната