Утрински Весник
Македонија

ДОАЃА СИЛНО НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Жолто и портокалово ниво на предупредување

Meteoalarm.mk 19.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Територијата на Македонија се наоѓа под влијание на циклонска активност која од Џеновскиот залив се преместува над нашата територија  и условува да имаме многу нестабилно време со чести врнежи, грмежи, засилен ветер  и локална појава на невреме.


Целата територија на Македонија се наоѓа во жолта  и во портокалова предупредувачка фаза поради обилните врнежи од дожд и локалната појава на невреме.

Поради продор на посвеж воздух од северозапад, времето ќе биде посвежо со температури кои ќе се искачуваат во ијнтервалот од 21 до 28 степени, а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 24 степени.

Можете да прочитате

Филипче со конкретни мерки: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%

Измена на Правилникот за боледување – зајакнати контроли и намалување на боледувањето од 7 на 5 дена

Герила акција на Партизанска: Поставена чекална –симбол на корупцијата во здравството