Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Истрагата во која е опфатен Богоев ќе се проширува

Hristijanmickoski.jpg

Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека екс градоначалникот на Карпош и поранешен директор на Царина, Стефан Богоев е опфатен со истрага за злоупотреба на службената должност.

Мицкоски најави проширување на истрагата но и нови акции за слични прекшувања на законите.


„Се работи за лице кое било поранешен градоначалник на општина и поранешен директор на јавна институција, во овој случај на Царинската управа. Се работи за неколку вработени во рамките на оваа институција и за лице кое, како да се изразам, не знам, немам соодветни квалификации, но беше многу близок до претходната влада и беше лице кое често ги олеснуваше овие, условно кажано, дејствија кои се исполнети со многу незаконитости. Или, едноставно кажано, посредник. Значи, од информациите што ги имам, ова ќе се прошири и од информациите што ги имам, неколку институции, во наредниот период, ќе се соочат со слични дејствија поврзани со минати неправилности, кои се вклучени во ревизорските извештаи кои покажуваат индиции за злоупотреба на службена должност и овластувања. Значи, сето ова е во фаза на истрага. Верувам во презумпцијата на невиност. Секој има можност и право да ја докаже својата невиност, па затоа не би навлегувал во понатамошни коментари од страв „да можам материјално да го оштетам процесот“, нагласи Мицкоски.

Инаку, денес Основното јавно обвинителство побара притвор за Богоев и трите други осомничени лица за примање на награда за вршење влијание при избор на оператор за чистење на граничните премини.

Можете да прочитате

Началникот на ГШ на Армијата учествуваше на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји во Република Грција

Македонија конечно го става во погон својот потенцијал, „Иловица-Штука“ меѓу проектите што би можеле да профитираат од најавениот инвестициски бран 

Филипче: Нашите деца да јадат корења, а нивните деца да патуваат со бугарски пасоши