Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН: Тоа што не беше направено 25 години, се реализира за 25 месеци, Албанскиот ансамбл се комплетира со 45 решенија за вработување

8535c74e 7fa5 49af b13c a16e7ef4b197.jpeg

Соопштение на ВЛЕН:

Кадарот на ВЛЕН, заменик-министерот за култура Седат Сулејмани, заедно со директорот на Албанскиот ансамбл на песни и ора, Јетмир Реџепи, го финализираа еден од најзначајните процеси за консолидација на Албанскиот ансамбл на песни и ора, една од најважните и најрепрезентативните институции на албанската култура во земјата.


Со потпишувањето на последните пет решенија за вработување, заврши третата и последна фаза од систематизирањето на уметниците, со што ансамблот се комплетира со вкупно 45 решенија за вработување.

Уште од првите денови се обврзавме дека ќе го решиме статусот на уметниците кои останаа без работа по прекинувањето на нивните договори од страна на претходното раководство. Денес, тоа ветување е целосно исполнето.

За ВЛЕН, ова е уште еден доказ дека кога постои политичка волја, резултатите не изостануваат. Повеќе од две децении, многу проблеми на албанските уметници и културни институции останаа нерешени. Денес, по само 25 месеци владеење, се реализираат процеси кои 25 години беа оставени во заборав.

Комплетирањето на ансамблот со 45 решенија за вработување претставува инвестиција во албанската култура, националниот идентитет и достоинството на нашите уметници. Покрај овие вработувања, во овој период во културните институции се реализирани и над 80 други вработувања.

Тоа што не беше направено 25 години, се реализира за 25 месеци. Тоа е разликата меѓу политиката на ветувања и политиката на резултати.

Можете да прочитате

Марковски: Недозволувањето пристап за медиумите отвора сериозни сомнежи за подземната улица во Центар

Промовирано ново институционално лого на Јавното обвинителство

Скап квадрат, евтина изведба – Алармантна слика за македонските новоградби вели Марковски