Утрински Весник
Македонија

Тешко повреден тракторист, изгубил контрола и со тракторот паднал во провалија

Traktor 1.jpg

На 31.05.2026 во ОВР Радовиш е пријавено дека во периодот од 12:00 до 15:30 часот на место викано „Лакавица” на регионалниот пат од с.Дедино кон с.Конче, општина Конче, 55-годишниот З.С. од с.Конче, управувајќи трактор „торпедо” со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и со тракторот паднал во провалија.

Од екипа на Територијална противпожарна единица Радовиш и екипа на Итната медицинска помош Радовиш возачот на тракторот е извлечен и пренесен во Клиничка болница Штип, каде му се констатирани тешки телесни повреди.

По извршени проверки, било констатирано дека З.С. го управувал тракторот, без да поседува возачка дозвола.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Радовиш.

Можете да прочитате

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Поради отсуство на сведоци, одложено судењето против 13 полициски службеници поврзани со „Пулс“

Минчев: Еднаква плата за еднаква работа – од реформа до функционален систем на плати во јавниот сектор