Утрински Весник
Македонија

Повторно пожар на депонијата „Краста“ во кумановско

Image 2026 06 01 105301874.png

Екипите на ЈП „Чистота и Зеленило“ со механизација се постојано на терен и работат на гаснење на пожарот кој избувна синоќа на депонијата „Краста“, соопшти денеска директорот на претпријатието Сашо Томиќ.

Тој информира дека сите расположливи екипи се ангажирани на локацијата и во текот на денот, со затрупување со земја, ќе се обидат целосно да го локализираат чадењето. Вчера на терен интервенирале и кумановските пожарникари со едно возило, во периодот од 20:35 до 23:10 часот.


Депонијата „Краста“, која се наоѓа на регионалниот пат Куманово–Пчиња, во иднина треба да прерасне во претоварна станица од која отпадот од Куманово ќе се транспортира во Свети Николе, во рамки на проект финансиран од Европската Унија, во кој се вклучени општини од североисточниот и источниот регион.

Во рамки на претходни активности, депонијата била затрупана и израмнета со земја со цел да се спречи ширење на непријатна миризба и потпалување, проблем кој, како што се наведува, бил присутен со децении и причина за реакции и блокади од жителите на село Пчиња, кои бараат нејзина дислокација.

„Краста“, која функционира од 1958 година, зафаќа површина од 12,5 хектари и претставува локација на која се складира отпадот од град со над 100.000 жители.

Во меѓувреме, на плоштадот „Маршал Тито“ во Куманово вчера бил опожарен и контејнер со отпад, при што интервенирале пожарникари. Од претпријатието посочуваат дека несовесни граѓани често предизвикуваат пожари на контејнери и апелираат за санкционирање на сторителите.

Можете да прочитате

Таткото на загинатиот тапанар на ДНК објави дека гробот на неговиот син е ограбен 14 пати

НСДП продолжува да се бори за достоинствено вреднување на трудот и заштита на правата на работниците

Кумановец држел на сила познаник, го тепал и го принудувал да користи дрога и орално да го задоволува