Утрински Весник
Македонија

Меѓународна еко-акција за чистење на Охридското Езеро во Калишта

20260530152051 big 730x400 46.webp.webp

Четвртата меѓународна еко-акција за чистење на Охридското Езеро ќе започне денеска во 10 часот на плажата кај хотел „Бисер“ во населбата Калишта, а во неа ќе учествуваат нуркачки клубови од земјава, како и гости од Србија и Хрватска.

Покрај нив, во акцијата која има за цел зачувување на природните вредности и подигнување на јавната свест за заштита на животната средина, се очекува вклучување и на голем број волонтери, граѓани, еколошки активисти и љубители на природата.


Преку работа на терен, учесниците ќе испратат порака дека грижата за природата е заедничка одговорност, а не само задача на институциите.

Организаторите нуркачкиот клуб „Езерски Пулс“ и клубот „Скаут“, упатуваат отворен повик до сите заинтересирани граѓани, нуркачи, спортски клубови и млади луѓе да се приклучат и да дадат свој придонес во оваа еколошка акција.

– Заедно создаваме почисто Охридско Езеро – затоа што природата што ја имаме денес ја оставаме на генерациите утре – порачуваат организаторите.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол