Утрински Весник
Македонија

Мопедист тешко повреден, излетал од патот за да избегне судир со товарно возило

Policija.webp.webp

На 29.05.2026 околу 17:40 часот во СВР Куманово е пријавено дека во с.Горно Коњаре, кумановско на крстосница од локален пат што води кон место викано „Бело-Брдо” и локален пат што води кон место викано „Млинари”, се случила сообраќајна несреќа во која И.Ѓ.(57) од с.Горно Коњаре управувајќи мопед „кимко” со кумановски регистарски ознаки за да не се судри директно со товарно возило „ивеко” со скопски регистарски ознаки управувано од К.Т.(61) од Куманово свртил нагло по што изгубил контрола и заедно со мопедот паднал надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во Општата болница Куманово.


Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Можете да прочитате

Велковски: На граѓаните ќе им се овозможи да докупат до две години стаж за пензија

Маж од Кратово со нож прободел полицаец

Уапсени 18 возачи за „безобѕирно управување возило“, 17 возеле без возачка дозвола и еден под дејство на алкохол