Утрински Весник
Скопје

Жена тепана и давена среде Скопје, на млада девојка која реагирала и рекле „Маж ѝ е, што сака нека ѝ прави, не се мешај“

Image 2026 05 30 105738189.png

Скопјанката Александра преку социјалните мрежи сподели вознемирувачко сведоштво за случај на насилство врз жена што, според неа, се случил среде бел ден во Скопје.

Таа наведува дека насилник брутално ја тепал и давел жената, а нејзината ќерка се обидела да интервенира и да ѝ помогне.

„Мојата ќерка се обидела да ѝ помогне на жената и го замолила да престане да ја малтретира. Со него имало уште еден маж, кој ѝ рекол: ‘Не се мешај, маж ѝ е, што сака нека ѝ прави’“, напиша Александра.

Според нејзината објава, ќерката возвратила дека ниту еден сопруг нема право да ја тепа својата сопруга, по што насилникот почнал да ѝ се заканува и нејзе.

„Најстрашно е што никој од мажите кои поминувале не се осмелил да ѝ помогне на жената“, додава таа.

Од Министерството за внатрешни работи за „Скопје1“ потврдуваат дека случајот е пријавен.

„Денеска околу 11:30 часот во СВР Скопје од страна на лице од Велес, такси возач, пријавено е дека додека превезувал две лица на подрачјето на Скопје, машкото лице вербално и физички ја нападнало жената, најверојатно негова сопруга“, велат од МВР.

Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на лицата и целосно расчистување на случајот.


Можете да прочитате

Град Скопје: Подготвени сме за најавеното силно невреме 

Меџити: Задутре започнува првото издание на Меѓународниот музички фестивал „Чаршија”

Ѓорѓиевски: Скопје го гради својот најголем еколошки штит!