Утрински Весник
Свет

УНИЦЕФ: Петнаесет деца загинаа во Либан за една недела, а 62 се ранети

Liban.webp.webp

Петнаесет деца загинаа, а 62 се ранети минатата недела во Либан, каде Израел продолжува со воздушните напади и покрај прекинот на огнот, соопшти денеска Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ).

УНИЦЕФ ги нарече овие бројки „запрепастувачки“ и истакна дека, според меѓународното хуманитарно право, децата мора да бидат заштитени во секое време за време на конфликтот, пренесува Ал Џезира.


Израел, кој се бори против проиранското движење Хезболах, ја интензивираше својата копнена и воздушна офанзива во Либан во последните денови.

Можете да прочитате

За секој напад на Иран во Хормуз САД ќе уништат по еден мост во Иран, се закани Трамп

Ортега: Нема веќе избори во Никарагва

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години