Утрински Весник
Свет

Путин се сомнева дека дронот што се урна во Романија бил руски и предложи Москва да спроведе експертиза на остатоците

Putin opshta profil.jpg

Рускиот претседател Владимир Путин изрази сомневање дека дронот што падна врз станбена зграда во Романија бил руски и смета дека всушност станува збор за украинско беспилотно летало.

Путин предложи остатоците од леталото да бидат предадени на Русија за да може Москва да спроведе сопствена независна истрага.

Никој не може да зборува за потеклото на дронот додека не се направи експертиза на остатоците, рече Путин одговарајќи на новинарско прашање во врска со инцидентот.

„Кој во Романија зборува за тоа дека дронот е руски? Госпоѓа Фон дер Лајен не била во Романија, не ги испитала остатоците од овој дрон, никој не може да каже какво е потеклото на тоа или друго летало додека не се изврши експертиза“, нагласи рускиот претседател.

Можете да прочитате

Тројца планинари од Летонија го загубија животот на Алјаска, еден е спасен

Бела куќа: Без „црвените линии“ на Трамп нема договор со Иран

УНИЦЕФ: Петнаесет деца загинаа во Либан за една недела, а 62 се ранети