Утрински Весник
Македонија

„Вмровските корени“ ме насочија кон политиката вели Манасиевски

Img 6151.jpeg

Да се биде гласноговорник на најголемата и најорганизираната политичка партија во Македонија претставува огромна чест, но и сериозна одговорност. Ова го истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на „4ТВ“, каде зборуваше за својот политички пат, приватниот живот и мотивите што го насочиле кон политиката уште од најрана возраст.

Иако има само 28 години, Манасиевски веќе зад себе има долгогодишен политички ангажман, но и стабилен семеен живот како сопруг и татко.


„Татко сум на прекрасна ќерка, која ми дава мотив повеќе да работам, да се вклучам во политиката и да направам нешто подобро за секој еден човек во нашето општество“, изјави Манасиевски.

Тој откри дека интересот за политиката кај него се појавил уште во тинејџерските денови, а значајно влијание имале и семејните корени.

„Уште од младите години ме влечеше политиката. Моите родители, баба и дедо, имаат традиционални ‘вмровски’ корени. Сметам дека тоа одигра голема улога во моето насочување“, рече тој.

Неговиот политички пат започнал на 15-16 годишна возраст, кога се приклучил на Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ. Во текот на годините поминал низ повеќе партиски позиции, бил член на Извршниот комитет на УМС, а подоцна и организационен секретар на младината.

Денес, како портпарол на партијата, Манасиевски вели дека со задоволство ги претставува политиките во кои искрено верува и кои, според него, се во интерес на иднината на државата.

„За мене претставува чест да ги бранам и презентирам политиките во кои верувам и за кои сметам дека можат да донесат подобра иднина за Македонија“, порача Манасиевски.

Можете да прочитате

Мицкоски: Најпрво техничка вода, a потоа вода за пиење во Гостивар, одговорните ќе сносат последици

Мицкоски до Собранието го предложи Зулфикар Зејнула за министер без ресор

Кривична за 62 годишник од струмичко поради силување на малолетничка