Утрински Весник
Македонија

Неколку вработени пријавиле здравствени проблеми по оброк во фабрика во ТИРЗ Штип

Tirz stip.jpg

Неколку вработени во компанија лоцирана во Технолошко-индустриската развојна зона во Штип синоќа пријавиле здравствени проблеми кои укажуваат на можно труење со храна.

Според првичните информации, повеќе од пет лица почувствувале симптоми како мачнина, повраќање и стомачни болки по консумирање на оброк обезбеден на работното место, дознава М Нет телевизија.


Двајца од вработените, поради влошување на состојбата, побарале лекарска помош и примиле инфузија, додека останатите имале поблаги симптоми,

Неофицијално, храната за вработените ја доставувала фирма од Кочани, а надлежните институции треба да утврдат дали навистина станува збор за труење со храна и што го предизвикало инцидентот.

Очекувањата се дека надлежните служби ќе извршат контроли, а по потреба ќе бидат земени и примероци за лабораториски анализи со цел утврдување на точниот извор на здравствените проблеми.

Повеќе детали се очекуваат по официјалните извештаи од институциите во текот на денот

Можете да прочитате

На 21 октомври во Куманово започнуваат „Вински Приказни“ – ново патувачко винско доживување

МЗ: Инициран вонреден инспекциски надзор за третманот што го добила медицинската сестра Љубица Шавреска која го загуби плодот

Работна средба со Судскиот совет за актуелните состојби и реформите во правосудството